Денеска се одржува последниот министерски Совет на ЕУ под раководство на португалското претседателство со Унијата.

Следна држава-членка на ЕУ, што ќе ја има таа чест е Словенија.

По тој повод, министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар, испрати порака сo честитки за добро извршената работа до неговиот португалски колега Аугусто Сантос Силва.

Ова е последниот министерски Совет за време на португалското претседателство. Му честитам за добрата работа на мојот пријател Аугусто и најавувам добродојде за сите министри за надворешни работи на следниот состанок под претседателството на Словенија – објави Логар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.