Бројот на заразени со корона вирус во Русија во последните 24 часа е зголемен за 7.867, а бројот на смртни случаи за 99.

Со тоа вкупната бројка на заболени од Ковид-19 во Русија се искачи на 1.151.438.

Од почетокот на епидемијата, болеста предизвика смртен исход кај 20.324 луѓе, што е 1,77 отсто од заразаните.

Во последното деноноќие оздравеле 3.068 пациенти или вкупно од почетокот на епидемијата 943.218. Процентот на излечени е 81,9 отсто.

На лекување од Ковид-19 во Русија во моментот се 187.896 пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.