Еден ден по насилните протести против заострувањето на анти-ковид мерките во неколку италијански градови, премиерот Џузепе Конте тврди дека мерките остануваат во сила.

Тоа е тешка одлука на премиерот, кој се најде под притисок на експерти кои тврдат дека требало да се преземат поостри мерки порано затоа што вирусот се шири експоненцијално, а од друга страна се и барањата и протестите од сопствениците на оние активности кои ќе претрпат штета поради мерките.

Се чини дека оние што протестираат не се свесни за ситуацијата – изјави министерот за култура Дарио Франческини за агенцијата Анса.

Денес премиерот Конте ќе прими и ќе разговара со делегација на сопственици на барови, ресторани, спортски сали и културни институции кои исто така се противат на мерката за затворање, за да го објасни во директен разговор она што веќе го кажал за медиумите – дека строгите ограничувања се донесен како последно средство и за да се избегне карантин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.