По одлуката на шпанскиот Врховен суд да ја поддржи суспензијата на регионалниот претседател Квим Тора, стотици демонстранти излегоа на улиците на Барселона.

Протестите беа организирани од Комитетите за одбрана на Републиката, а приврзаниците ги исполнија улиците на каталонскиот главен град за да ја изразат својата огорченост од одлуката и зголемениот гнев поради справувањето со пандемијата на Ковид-19 од страна на официјален Мадрид.

Кога демонстрантите стигнаа до Канцеларијата на јавниот обвинител, беа запрени од бариера подигната од полицијата, по што тие почнаа да ги бомбардираат полицајците со исечени свински глави.

Локалните медиуми објавија дека имало најмалку пет уапсени за време на маршевите.

Запалени биле контејнери за отпадоци, а демонстрантите присилно ги отвориле и портите на паркот „Сиутадела“, кој беше затворен од 16 часот попладне во понеделникот. Свински глави беа оставени и пред Министерството за правда.

Организациите за независност повикаа на митинзи низ целиот регион како одговор на одлуката на судот, а извици „Ниту еден чекор назад! Независност! “ и „Улиците секогаш ќе бидат наши!“ одекнуваа на демонстрациите.

Постојано се повторуваа повици за ослободување на политичките затвореници и за самоопределување на Каталонците, народот грмеше: „Окупациските сили надвор!“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.