Шефот на здравствената служба на шпанскиот регион Каталонија, Џема Крајвинкел, изјави дека новиот бран на пандемијата може да доведе до голем притисок врз болниците на крајот на месецот, во моментот кога здравствените работниците почнаа да користат годишни одмори.

Во интервју за радиото РАЦ1, Крајвинкел изјави дека североисточниот шпански регион може да има 500 пациенти на интензивна нега, а во моментов има близу 300. Таа додаде дека каталонскиот систем на јавно здравје веќе е под притисок поради зголемувањето на бројот на пациенти поради Делта сојот.

Крајвинкел смета дека властите не успеале да го убедат локалното население за опасностите од Делта сојот и ги критикуваше луѓето кои се судрија со полицијата што во текот на ноќта одржуваше полициски час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.