Првиот бран на пандемијата на коронавирус во Јапонија исчезна речиси преку ноќ, што оправдано предизвика чудење кај многу научници.

Некои научници мислат дека видот делта се мутирал на ниво на сопствено уништување. Јапонија беше на врвот на четвртиот бран во август со повеќе од 23.000 нови случаи на ден, а неодамна тие бројки се движат околу 170.

Многумина го припишуваат значителниот пад на високата стапка на вакцинација и јавното прифаќање за носење маски, но некои велат дека падот е самиот од себе, особено кога се споредува со другите земји во иста ситуација.

Истражувањата покажуваат дека повеќе луѓе во Азија го имаат ензимот „APOBEC3A“, кој ги напаѓа ПХК кај вирусите, вклучително и ковид-19, отколку во споредба со другите луѓе во Европа и Азија.

И министерот за здравство  Венко Филипче денеска рече дека во Македонија нема делта сој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.