Делови од авион, кој веднаш по полетувањето од Рим се расипал, паѓале како дожд од куршуми врз населбите во околината на аеродромот Фјумичино.

Деловите со големина од околу 20 см, паѓале врз населбите во околината на аердромот во Рим , кога се расипал авионот Биоинг 787 на авиокомпанијата Норвежиан.

Вo населбaта Исола Сакра се оштетени десетина автомобили и куќи, а едно лице пријави дека е полесно повредено со изгоретини.

Во тек е истрагата за да се утврди причината на ваквото оштетување на авионот, кој требало да лета кон Лос Анџелес , но веднаш се вратил назад на аеродромот во Рим.

Се претпоставува дека парчињата метал се од левиот мотор, но засега не се знае колкава е штетата на авионот и во колкав ризик биле 298 патници и членови на екипажот на норвешкиот авион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.