Делегација на Хамас утре ќе пристигне во Каиро на разговори со египетските власти за прекин на огнот, изјави високиот функционер на групата Басем Наим.
Соединетите Американски Држави пред неколку дена соопштија дека ќе почнат нови разговори со Катар, Египет и Турција, со цел да ги обноват преговорите за ослободување на заложниците во Газа и договор за прекин на огнот, по примирјето меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах.
„Њујорк тајмс“ вчера објави дека Хамас покажува „зголемена флексибилност во преговорите“ за долго закочениот договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.