Хорст Ешлер, 82-годишен Германец од Мунстер ѝ донираше еден милион евра на организацијата „Актион Лихтблик“, која им помага на жртвите од поплавите во Германија.

Покрај тоа, Ешлер го повика и својот омилен фудбалски клуб „Баерн Минхен“, да им даде (повеќе) пари на жртвите. Досега тимот, заедно со колегите од Келн и гигантот „Дојче Телеком“, даруваа 100.000 евра за жртвите преку организацијата.

Не бидете воздржани. Знам дека не сте такви и давате многу пари во добротворни цели. Но, во сегашната ситуација, мора да „копнете подлабоко во џебот“ -инсистира тој.

Бројот на загинати од разорните поплави во Германија надмина 141 лице.

Пензионерот од Мунстер е познат по својата дарежливост. Во април годинава тој ѝ донираше 750.000 евра на Зоолошката градина во Мунстер и купи карти за зоолошката за 33.333 деца. Овие донации ги дал заради ветувањето што ѝ го дал на својата покојна сопруга да се грижи за деца и животни.

Во меѓувреме, „Баерн“ го прифати предизвикот и ја зголеми донацијата за поплавените на 1,1 милиони евра. Се подготвува и хуманитарен натпревар со „Шалке 04“ во „Фелтинс арената“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.