Данските власти предложија предлог-закон со кој се спречува затворениците кои отслужуваат доживотна казна да остваруваат нови љубовни врски, пренесува „Би-Би-Си“.

Според новиот закон затворениците ќе бидат ограничени да контактираат само со блиските со кои имале контакт првите 10 години од служењето на казната.

Министрите се надеваат дека на овој начин ќе го спречат растот на љубовниците на криминалците. Новиот закон следи откако беше објавено дека седумнаесетгодишно девојче се вљубило во убиецот Питер Медсен.

Мадсен беше осуден поради извршувањето на бруталното убиство на новинарката Ким Вол, кое се случи во неговата подморница која новинарката ја посетила за да го интервјуира Медсен. По убивањето, Медсен го распарчил нејзиното тело и го фрлил во морето. Во 2018 година тој беше осуден на доживотна казна затвор.

Седумнаесетгодишното девојче признало дека се вљубило во Медсен откако тие размениле неколку писма и две години разговарале по телефон. Но Медсен во 2020 се ожени со Џени Курпен, 39 годишна жена од Русија.

Данскиот министер за правда, Ник Хекеруп во соопштение истакнал дека ваквите врски очигледно треба да престанат, додавајќи дека осудените криминалци не треба да ги користат затворите како места за состанување, ниту да имаат свои профили на социјалните мрежи каде што се фалат за нивните злосторства.

„Во последните неколку години засведочивме неколку ужасни примери каде затвореници кои направиле страшни криминали, контактираат со млади луѓе и ги добиваат нивното внимание и емпатија“, посочил министерот.

Со новиот закон се забранува и доживотните осуденици да користат социјални мрежи и да гостуваат во подкасти. Во 2018 година, Медсен официјално го признал убиството на новинарката при гостување во дански документарец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.