Данска одлучи да не ја вклучува вакцината на Џонсон и Џонсон во својата програма за имунизација против ковид-19, објавија локалните медиуми.

Минатиот месец Данска прекина со употреба и на вакцината на Астра Зенека поради можна ретка појава на згрутчување на крвта, а исклучувањето на вакцината на Џонсон и Џонсон, која сочинува една третина од нарачаните дози во данскиот здравствен систем, би можело значително да го забави процесот на вакцинација во таа земја.

Европската агенција за лекови (ЕМА) на 20 април објави дека е утврдена евентуална поврзаност меѓу вакцината на Џонсон и Џонсон и ретки појави на крвни згрутчувања кај возрасните лица кои се вакцинирале во САД, но укажано е дека ползата од вакцините е секако поголема од можниот ризик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.