Данска ќе продолжи да врши гранични контроли во наредните месеци, јави ДПА.

Данската влада минатата недела ја извести еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон дека привремената гранична контрола ќе биде продолжена за шест месеци до 11 мај следната година, се вели во писмото на министерот за правда Ник Хекеруп. Причината е постојаната опасност од исламистичките милитанти и организираниот криминал.

Во исто време, Хекеруп го извести Брисел дека граничните контроли наметнати на почетокот на пандемијата на коронавирус ќе бидат укинати на 25 октомври. По тој датум, инспекциите ќе бидат концентрирани на германско-данската граница, на мостот Оресунд што ги поврзува Данска и Шведска и на данските пристаништа со траектни врски со Германија и Шведска. Оваа контрола ќе биде што е можно повеќе ограничена. Генерално нема контрола на границите во земјите од Шенген зоната. Меѓутоа, од почетокот на бегалската криза, земјите како што се Германија, Австрија, Данска и Шведска имаат делумна гранична контрола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.