Претседателот на Екваторијална Гвинеја, Теодоро Обианг Нгуема Мбасого е реизбран на функцијата со 95 отсто од гласовите на изборите одржани на 20 ноември. Неговиот син и потпретседател на земјата, Теодоро Нгуема Обианг Манге, го објави тоа на Твитер.

Засега западни медиуми не можат да потврдат дали тоа тврдење е веродостојно. Победата ќе му даде на 80-годишниот Објанг шести мандат на функцијата и ќе го зацврсти неговото место како шеф на држава со најдолг стаж во светот – на власт е 43 години.

-Конечните резултати повторно ни докажаа дека сме во право. Продолжуваме да докажуваме дека сме голема политичка партија, напиша потпретседателот на Твитер.

Западноафриканската земја со околу 1,5 милиони жители имала само двајца претседатели од стекнувањето независност од Шпанија во 1968 година. Објанг го собори својот вујко Франциско Масиас Нгуема со државен удар во 1979 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.