Коментирајќи ја промената агенцијата за кредитен рејтинг „Мудис“ во изгледите на унгарскиот суверен рејтинг Baa3 на „позитивен“ од „стабилен“, министерот за финансии Михали Варга рече дека рејтингот на Унгарија е „единствен“ во Европската унија, бидејќи изгледите на ниту една друга земја-членка не се подобриле во последните шест месеци, пишува „Дејли њуз хангари“.

Во видео порака објавена на социјалните мрежи во саботата, Варга рече дека проценката на Мудис ја рефлектира зголемената сила на унгарската економска политика.

„Мудис“, рече тој, оценува дека Унгарија покажува поголема издржливост во споредба со другите европски држави, засновано на нејзините перформанси во последните неколку години. Понатаму, агенцијата очекува дека економијата на земјата ќе продолжи да расте откако ќе заврши епидемијата.

Другите агенции за рејтинг имаат сличен став со „Мудис“, рече тој, додавајќи дека тие го препорачуваат суверениот долг на Унгарија со оценка за инвестиции. Тој рече дека признавањето е особено потребно бидејќи тоа ќе ги зацврсти темелите на мерките за борба против кризата со коронавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.