Во потрагата по нов дизајн за идните банкноти на еврото, Европската централна банка (ЕЦБ) доби интересен предлог од Европскиот парламент.

Имено, германскиот политичар од редовите на Слободните демократи, Мориц Кернер побара основачите на „Бионтек” – Угур Шахин и Озлем Туречи, да бидат на една од банкнотите. Се работи за изумителите на „Фајзер” вакцините.

– На новите банкноти треба да има важни европски личности како што е брачната двојка на основачот на „Бионтек”. Нивната работа ги спаси животите на милиони Европејци!, нагласи членот на ЕП за „Ди велт”.
– Нивниот животен пат е импресивна приказна за интеграција, напредок, претприемништво, научна извонредност и потенцијал на отворено имиграциско општество, додаде тој.

Дваесет години по воведувањето на еврото, ЕЦБ почна процес на редизајн на парите.

Мнението на јавноста ќе биде важен дел во процесот, но ќе минат години пред да биде завршен тој редизајн. Управниот совет на ЕЦБ во 2024 година треба да одлучи за печатењето нови банкноти и кога тие би биле пуштени во оптек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.