Откако во Германија се воведуваат нови ограничувања за невакцинираните, некои луѓе се најдоа во чудна ситуација- целосно вакцинирани, но непризнаени.

Спутник во моментов се користи во повеќе од 60 држави, вклучително и во Унгарија и Сан Марино, но не е одобрена во ЕУ. Европската агенција за лекови (ЕМА) во март започна испитување на вакцината но оценката се одложува поради недостаток на податоците од производителот, пишува Дојче веле.
Пролетва, кога Германија се соочуваше со недостаток на вакцини, неколку политичари споменуваа увоз на вакцини од Русија. Но сега, кога веќе нема таков недостатокот, никој веќе не ја споменува таа опција.

Во меѓувреме, стотици, ако не и илјадници жители на ЕУ се вакцинираа во Русија, поради недостатокот на вакцини во нивните земји. Некои дури беа дел од специјалните „вакцинални екскурзии“ во Русија од Германија. Над еден милион Унгарци се вакцинирани со Спутник, и уште десетици милиони низ целиот свет.

Целиот текст овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.