На Интернет се појави снимка на кои, наводно, се гледа дека проектил го погодил магацинот со пиротехника во пристаништетот во Бејрут, непосредно пред огромната експлозија што разурна дел од градот и предизвика повќе од сто жртви..

Погледнете како изгледа снимката на која се гледа како ракета го погодува објектот по што следува моментот кога доаѓа до експлозија.

Веродостојноста на снимките досега никој не ја потврди, ниту демантира. Израел и Хезболах соопштија дека немаат никаква поврзаност со експлозијата во Бејрут.

Либанскиот премиер Хасан Диаб прогласи тридневна жалост, почнувајќи од денеска, а првичните резултати покажале дека небрежност е причина за експлозијата во Бејрут, а не напад со ракета, но конечни резултати сѐ уште нема.

Според официјалните информации, во експлозијата животот го загубиле повеќе од 100 лица, а повредени се повеќе од 5.000 луѓе. Материјалната штета е многу голема, а градот е целосно уништен како последица од експлозијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.