Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која цели 16 години го означуваше не само развојот на својата земја, туку и на Европа, доби понуда за работа од Њујорк.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и понуди на Меркел да биде дел од советодавен тим на високо ниво во светската организација.

ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори во ОН, пренесе дека на Меркел и биило понудено претседателство со телото за глобални јавни добра, од што потенцијално би требало да имаат корист сите граѓани на светот.

Понудата генералниот сектреар на ОН ја испратил преку писмо до Меркел.

Меѓутоа, од седиштето на ОН во Њујорк оценуваат дека мали се шансите Меркел да ја прифати понудата. Таа засега не одговорила на повикот, а претставниците на ОН не сакаат да дадат официјална изјава за понудата.

Телото за глобални јавни добра е проект на Гутереш, како дел од реформите на ОН.

Во својот извештај за реформите на ОН минатата година, тој најави дека ќе ги повика поранешните шефови на држави и влади да воспостават глобална листа на јавни добра и други области од заеднички интерес каде што треба да се подобри управувањето



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.