Италијанската влада објави дека воведува забрана за патување за време на новогодишните празници, со цел да се обиде да спречи ширење на коронави русот низ земјата.

Новите правила, заедно со постојните, кои вклучуваат полициски час, ќе се обидат да ја запрат циркулацијата на вирусот низ земјата за време на празничниот период, со ограничување на бројот на луѓе собрани на едно место.

Ако попуштиме сега, не чека нов бран веднаш зад аголот – предупреди министерот за здравство Роберто Сперанца.

Патувањето меѓу италијанските провинции ќе биде забрането од 21 декември до 6 јануари, а на луѓето нема да им биде дозволено да го напуштат своето живеалиште на 25, 26 декември и 1 јануари. Министерот исто така, „сериозно ги советуваше“ граѓаните да не одат кај пријатели, роднини, соседи, туку да бидат само со членови на семејството.

Другите ограничувачки мерки предвидуваат секој што ќе влезе во Италија да биде должен да помине десет дена во карантин, почнувајќи од 20 декември. Овој потег е дизајниран за да ги спречи Италијанците да одат во ски-центри, кои се отворени во некои европски земји.

Кафулињата и рестораните ќе останат затворени во регионите што се во црвена или портокалова зона, додека во жолтата зона, угостителските објекти можат да работат до 18 часот, додека полицискиот час е во сила низ целата земја од 22 часот до наредното утро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.