Д-р Омар Атик испратил честитки за празниците на адресите на околу 200 пациенти болни од рак, пишувајќи дека им се простени долговите во неговиот центар за третман на карцином, пишува „Арканзас демократ газета“.

Центарот работел околу 20 години, но морал да се затвори во февруари 2020 година поради недостиг на персонал.

Клиниката се откажува од сè што нејзините пациенти должат. Мислевме дека нема подобро време за тоа од празниците, се вели во соопштението.

Но, не биле сите изненадени од гестот.

Да го знаевте д-р Атик, оваа одлука немаше да биде толку чудна. Тој е еден од најпаметните лекари што некогаш сум ги сретнал, но исто така е и еден од најчувствителните, изјавил Дејвид Ротен, извршен потпретседател на медицинското друштво во Арканзас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.