Црвениот крст ја повика меѓународната заедница да соработува со талибанската влада, затоа што е надвор од моќта на хуманитарните организации сами да се справат со кризата во таа држава.

Генералниот директор, Роберт Мардини рече дека Меѓународниот комитет на Црвениот крст ги засилил своите активности од август, кога талибанците ја презедоа власта и кога странската помош престана да пристугнува во земјата. Други организации, исто така, напорно работат на борба против хуманитарната криза во Авганистан.

Хуманитарните организации може да работат само заедно за да направат одредени работи. Тие можат да понудат само привремени решенија – изјави Мардини.

Во исто време, со промената на власта, Авганистан влезе во длабока криза и милиони луѓе се во опасност од глад. Според Мардини, 30 отсто од 39-милионското население во Авганистан страдаат од тешка неухранетост додека на 18 милиони луѓе им е потребна итна хуманитарна помош или заштита.

Според директорот на Црвениот крст, поддршката на меѓународната заедница, која досега беше претпазлива од талибанската влада, е клучна за обезбедуавње основни услуги за народот.

Во четвртокот, ОН најавија создавање фонд за финансиска помош и финансиска помош директно за Авганистанците. Мардини смета дека тоа ќе го реши проблемот во рамки на три месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.