За поголемиот дел во југоисток од Шпанија прогласен е црвен метеоаларм поради најобилните падежи кои го погодиле регионот во последните 100 години.

Шпанската метеоролошка служба АЕМЕТ предупреди дека оваа област е во „исклучитечна опасност“ и дека се очекува дека ќе паѓаат и до 90 милиметри дожд за еден час и до 180 милиметри за 24 часа.

Најпрво невремето погодило град јужно од Валенсија, каде синоќа реката ги поплавила улиците.

Речиси 3.000 литри дожд по метар квадратен паѓале во рок од 24 часа, што, како што пренесува АЕМЕТ, претставуваат најобилните врнежи од 1917. година.

Водата носела возила по улиците, а речиси го достигнала врвот на вратите во куќите долж реката.

Засега нема извештај за повредени, а локалните училишта ја откажале наставата за повеќе од 250.000 ученици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.