Полицијата со солзавец ги растерала демонстрантите во предградието на Минеаполис кои протестираа поради полициско убиство на црно момче.

Инцидентот се случил за време на интервенција на полицијата на место одалечено околу 15 километри од локацијата на која минатата година животот го изгуби Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на брутална полициска интервенција.

Демонстрантите се собраа по убиството на 20-годишниот Афроамериканец, Донте Рајт, за време на протестот извикуваа „Правда за Џорџ Флојд“, а оштетиле и две полициски возила.

Во соопштение од полицијата се наведува дека младиот Донте Рајт бил рутински запрен додека управувал со автомобилот.

За време на проверката било утврдено дека за него е распишана потерница.

По обидот да биде уапсен, Рајт седнал во автомобилот пробувајќи да избега од местото, но еден од полицајците пукал во него.

Момчето, сепак, им избегал на полицајците, но недалеку од местото на инцидентот удрил во друг автомобил и починал.

Деновиве во Минеаполис е тензично бидејќи во тек е судењето на полицаецот Дерек Шовин, кој минатата година брутално го усмрти Џорџ Флојд, по што во САД, но и во целиот свет, се одржуваа масовни протести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.