Холандската влада објави на Твитер фотографии на кои е сино чудовиште што го претставува брегзит.

Според твитот на министерот за надворешни работи на Холандија, Штеф Блок, владата на таа европска држава го гледа брегзит како големо сино чудовиште што лежи на маса.

Блок објави фото на својот Твитер и напиша: Немојте Брегзит да ви застане на патот.

Со фотографијата сподели и линк до официјалниот сајт на владата на кој се достапни информации за можното влијание од напуштањето на Велика Британија од Европската унија врз холандски фирми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.