Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, промовира „чудотворен лек“ за кој тврди дека лечи од Ковид-19 без несакани ефекти. Ваквите тврдења на Мадуро, сепак, не се поддржани од науката во земјата.

Светските медиуми пренесуваат дека Мадуро го претставил лекот „Карвативир“, кој е орална суспензија за која самиот тврди дека е тестирана врз пациенти во болница во Каракас и во спортски центар што се користи како привремена болница.

Лекот мина низ деветмесечни испитувања, тестирања, клиничка примена врз многу болни луѓе кои беа на респиратори и можевме да ги повратиме – изјавил претседателот Мадуро за време на телевизискиот пренос во неделата.

Според него, течноста е направена од чудесните капки на Хозе Грегори Хернандез, венецуелски лекар кој живеел во 19 век, а минатата година беше прогласен за блажен од Римокатоличката црква, без да ги наведе нејзините активни состојки.

Министерството за информации на Венецуела не одговорило веднаш на барањето за коментар.

Лекарите велат дека „Карвативир“ се темели на мајчина душица, растение кое со векови се користи во традиционалната медицина, но чие влијание врз корона вирусот не е утврдено.

Националната медицинска академија во соопштение објави дека „Карвативир“ поседува терапевтски потенцијал против корона вирусот. Сепак, научниците во соопштението додаваат дека треба да се почекаат повеќе податоци од истражувањето за тие да го сметаат „Карвативир“ за антиковид лек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.