Маж е повреден по напад на ајкула во реката Свон, во крајбрежната зона во близина на Перт во Австралија, прв ваков случај од 1969 година.

Несреќниот пливач го каснал ајкула од горниот дел на ногата, а како што опишал, станува збор за бикова ајкула, долга помеѓу два и три метри.

Мажот, стар околу 50 години, бил пренесен во болница во Перт во сериозна состојба, изјави за „Ројтерс“ портпарол на локалната брза помош, а локалните медиуми додаваат дека мажот е во стабилна состојба.

Биковата ајкула е позната по тоа што ги напушта океанските води и навлегува во слатоводните басени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.