Министрите за одбрана од 17 земји членки на НАТО се согласија до јуни следната година да формираат фонд за развој на нови технологии.

Фондот за иновации со најмалку една милијарда евра ќе инвестира во технологии што би можеле да се користат во одбраната и безбедноста.

Заедно ќе обезбедиме безбедност за нашите народи во светот што брзо се менува – изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по дводневниот министерски состанок во Брисел.

Пример за таква технологија е хиперсоничната пропулзија, што, ја развиваат и Кина и Русија, како и автономните авиони и другите роботски системи.

Претходно оваа недела, министрите на НАТО се согласија за нов одбранбен план против различните видови напади од страна на Русија, која денеска соопшти дека покажала дека е во право кога ги прекинала контактите со НАТО.

Русија пред неколку дена ги затвори својата мисија на НАТО во Брисел и мисијата на НАТО во Москва, откако Алијансата протера деветмина Руси осомничени за шпионажа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.