Бордот на гувернери на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја одобри досега најголемата распределба на Специјални права на влечење (СДВ) од своите резерви, во износ од 650 милијарди долари, а таа одлука стапува во сила на 23 август.

Земјите-членки на ММФ ќе имаат на располагање Специјални права за влечење – валута на Фондот конвертибилна во долари, евра, јени, фунти и јуан – пропорционално со нивната постојна квота за учество во Фондот.

Одлуката за одобрување на СДВ за сите 190 земји-членки на ММФ беше долго очекувана.

Распределбата на СДВ ќе им користи на сите членки, ќе ги задоволи долгорочните глобални резерви, ќе ја зајакне довербата и ќе ја поддржи отпорноста и стабилноста на глобалната економија – изјави директорката на ММФ Кристалина Георгиева.

Георгиева посочи дека СДВ особено ќе им помогне на најзагрозените земји-членки кои се борат со последиците од кризата предизвикана од Ковид-19 и додаде дека околу 275 милијарди долари од специјалните права на влечење ќе одат на пазарите во развој и ниски земји со приход.

ММФ последен пат интервенираше со доделување на СДВ од своите резерви во 2009 година, кога земјите-членки добија 250 милијарди долари за да ги ублажат ефектите од глобалната финансиска криза.

За да можат да трошат СДВ, земјите треба да ги разменат за една од споменатите основни валути, што значи дека треба да бараат партнерска земја која е подготвена да ги разменува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.