Чешкиот министер за здравство, Петр Аренбергер, ќе поднесе оставка и ќе биде заменет со поранешниот министер, Адам Војтех, соопшти чешкиот премиер, Андреј Бабиш.

Аренбергер е четвртиот министер за здравство во земјата од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во март 2020 година. Пред него, министер за здравство беше Јан Блатни.

Војтех на 21 септември минатата година поднесе оставка поради критиките за справување со здравствената криза по зголемувањето на случаите на корона вирус во земјата. По него, министер за здравство беше Роман Примула.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.