Четири лица се повредени во пукање на паркинг во областа Вединг, во Берлин. На терен се излезени полициски и пожарникарски екипи, а причините за пукањето засега не се познати.

Неофицијално, пукањето се случило на паркинг од една продавница.

Претставници на противпожарната служба информираат дека во инцидентот се повредени тројца мажи и една жена и на сите четворица им е укажана лекарска помош на самото место пред да бидат префрлени во болница.

Сторителот е во бегство.

Во првичните извештаи се наведува дека едно лице е прободено со нож, друго добило рана од куршум, а третото повреда на главата во тепачка на паркингот.

Останува непозната сериозноста и природата на повредата кај четвртото лице, пишуваат германските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.