Полициската управа на округот Колумбија соопшти денес дека уште двајца полицајци задолжени за спречување на нападот врз американскиот Капитол на 6 јануари извршиле самоубиство, со што бројот на познати самоубиства на полицајци што ја чувале зградата тој ден се искачи на четири.

Полицаецот Гинтер Хашида бил пронајден мртов во својот дом во четвртокот, рече портпаролот на одделот Хју Кару во соопштение. Хашида се приклучил на полицијата Метрополитен (МПД) на округот Колумбија во мај 2003 година.

Друг полицаец на МПД што го бранел Капитол на 6 јануари Кајл Дефрејтаг бил пронајден мртов на 10 јули, додаде Кару во соопштение. Причината за смртта на Дефрејтаг е исто така самоубиство. Тој бил во полициската администрација од ноември 2016 година.

Полицаецот на МПД, Џефри Смит и полицискиот службеник на полицијата Капитол, Хауард Либенгуд, како дел од оние задолжени за регулирање на немирите во Капитол, исто така, извршиле самоубиство.

Стотици поддржувачи на тогашниот претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата тој ден во неуспешниот обид да го спречат Конгресот да ја потврди победата на демократскиот претседател Џо Бајден на изборите. Четири лица загинаа на денот на насилството.

Следниот ден, почина полицаец од Капитол кој бил нападнат од демонстрантите.

Во нападот биле повредени повеќе од 100 полицајци. Тие немири доведоа до второ судење на Трамп за отповикување. Поради насилство повеќе од 500 луѓе биле уапсени тој ден.

Четворица полицајци пред специјална комисија на Претставничкиот дом за време на емотивно сведочење минатата недела, изјавија дека на 6 јануари биле тепани, им се заканувале, биле навредувани на расна основа и дека тој ден се плашеле за своите животи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.