Четири лица се смртно застрелани, додека најмалку 15 се ранети во вооружениот напад врз посетителите на еден фестивал во гратчето Гилрој , мало место јужно од калифорнискиот град Сан Хозе во Калифорнија, јавува Ројтерс.

Според локалната полиција, еден од настраданите е и напаѓачот, кој бил застрелан во интервенцијата на полицијата.

Тој дошол на фестивалот за храна, кој секоја година се одржувал во ова место и одеднаш почнал да пука врз посетителите., информира полицијата.

Но, фестивалот за храна се одржувал во ограден простор со безбедносни заштитни мерки, а убиецот најверојатно влегол откако претходно ја исекол заштитната ограда.

Се претпоставува дека има уште еден соучесник кој му помогнал да го довезе со автомобил до местото на одржување на фестивалот на лукот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.