Претседателот на Чешка Милош Земан денеска е отпуштен од воената болница во Прага во која мина повеќе од шест недели, соопшти здравствената установа, пренесуваат британските медиуми.

Земан (77) на 10 октомври итно беше пренесен на Одделот за интензивна нега во воената болница поради сериозно нарушеното здравје.

Тој беше хоспитализиран ден по парламентарните избори на кои неговиот сојузник, премиерот Андреј Бабиш, беше поразен од опозицијата, која освои мнозинство во Долниот дом и планира да формира нова влада.

Лидерот на опозициската десница Петер Фијала најави дека Земан утре ќе му додели мандат за состав на новата влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.