Во ноември и декември нема да се наплатува ДДВ за електрична енергија и гас, соопшти Министерството за финансии.

Владата така реагира на „многу невообичаена ситуација“, рече по седницата министерката за финансии Алена Шилерова.

Мерката ќе го чини државниот буџет околу 157 милиони евра.

Владата, исто така, предлага измени на законот со кои трајно ќе се ослободи снабдувањето со гас и електрична енергија од ДДВ од следната година.

Премиерот Андреј Бабиш, лидерот на центристичката партија АНО, беше поразен на неодамнешните парламентарни избори и рече дека е подготвен да ја предаде власта, велејќи дека ќе го отфрли мандатот доколку претседателот Милош Земан му го понуди, објави новинската агенција ЦТК .

Ситуацијата станала покомплицирана откако Земан беше хоспитализиран и во моментов, според вчерашното соопштение на претседателот на Горниот дом на парламентот Милош Вистричил, тој не е во состојба да ја извршува својата должност.

Во меѓувреме, Бабиш не успева да најде коалициски партнери и неговата потенцијална влада сигурно нема да ја добие довербата од долниот дом на парламентот, но тој обид може да го продолжи неговиот мандат за неколку месеци.

Лидерот на опозицијата Петр Фиала, пак, се спротиставил на суспендирање на наплатата на ДДВ за електрична енергија и гас, велејќи дека подобро решение ќе бидат целните субвенции за домаќинствата со ниски приходи.

Мерката допрва треба да биде одобрена од Европската комисија и навреме се совпадна со наглиот пораст на цената на електричната енергија и гасот, што сигнализира сериозен ценовен шок за домаќинствата низ Европа и ги принуди владите да интервенираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.