Чешките власти од денеска овозможија отворање на рестораните, како дел од ублажувачките мерки против Ковид-19. Тоа го најави министерот за здравство Адам Војтеч.

Тој оцени дека отворањето на угостителските објекти во затворен простор е побрзо од планираното.

Чешка ќе ги отвори своите граници за граѓани на седум земји – Словачка, Унгарија, Полска, Словенија, Хрватска, Австрија и Германија, согласно реципрочните договори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.