Стапката на невработеност во Европската унија е на најниско ниво од јануари 2000 година.

Според најновите податоци на  Еуростат, стапката на невработеност во ЕУ во ноември минатата година изнесувала 6,3 проценти, без поголеми промени во однос на октомври, што е најниска од јануари 2000 година.

Стапката на невработеност во еврозоната, составена од 19 земји членки, во истиот период изнесувала 7,5 проценти, што е најниска од јули 2008 година.

Според податоците на Еуростат, најмалку невработени има во Чешка, каде стапката на невработеност во ноември изнесувала 2,2 проценти.

По Чешка, следи Германија со стапка од 3,1 процент, Полска 3,2 проценти, како и Унгарија, Малта и Холандија со 3,5 проценти невработени.

Највисока стапка на невработеност во ЕУ е забележана во Грција, која има 16,8 проценти невработени. На врвот според бројот на невработени е и Шпанија со стапка на невработеност од 14,1 проценти, Италија 9,7 проценти, Франција 8,4 проценти и Кипар со 7,7 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.