Триесет и тројца мигранти беа спасени денеска од импровизирани чамци во две одделни операции, во обид да го преминат каналот Ла Манш за да стигнат до Англија, јави дописникот на МИА од Париз.

Ангажиран од регионалниот центар за оперативно набљудување и спасување, првиот патролен чамец околу 8 часот спасил 17 мигранти кои се нашле во тешкотии на два импровизирани чамци северо-источно од пристаништето Кале, соопшти поморската префектура на Ла Манш и Северното море.

Кратко време потоа, околу 9 часот, во друг чамец со 16 лица, биле спасени од друг патролен чамец во широчината на Сангат од поморската бригада на жандармеријата на Кале, се додава во соопштението.

Сите 33 мигранти се безбедни и здрави, нивната националност не е одредена, тие се згрижени во пристаништето во Кале од страна на граничната полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.