Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, ја обвини администрацијата на САД дека на Американците не ѝм ја кажува вистината додека праќа писма на Конгресот во врска со одлуката за продолжување на националната извршна уредба за Сирија.

Чавушоглу во Анкара имаше состанок со венецуелскиот колега Феликс Пласенција, а по средбата, во обраќањето за новинарите, изјави дека американската администрација ги повторила неоснованите обвинувања кон Турција и дека тоа го прави поради соработката и поддршката на ЈПГ, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК.

Наместо да ја обвинуваат Турција, САД би требало да ја напуштат сопствената погрешна политика и би требало да бидат поискрени кон американскиот народ и неговиот Конгрес – порача Чавушоглу.

Шефот на турската дипломатија изјави дека Турција знае дека присуството на САД во Сирија не е поради борбата против ИСИС, затоа што само турската Војска се борела гради во гради против таа терористичка организација и во таа борба се убиени околу 4.000 терористи.

Чавушоглу исто така истакна дека во Европа и НАТО се водат расправи за американските политики во Сирија, Ирак и на друга места, а општата проценка е дека тие се неплански и непредвидливи.

САД во четвртокотза уште една година ја продолжија одлуката за вонредна состојба донесена во 2019 година, тврдејќи дека активностите на Турција во Сирија претставуваат закана за националната сигурност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.