Cеверна Кореја ги одби планираните пратки на вакцините против Ковид-19 на компанијата „Астра зенека“, што беа организирани како дел од глобалната шема „Ковакс“, поради загриженоста за несакани ефекти, соопшти денеска јужнокорејска невладина организација.

„Ковакс“ соопшти дека на Cеверна Кореја ќе ѝ обезбеди речиси два милиона дози вакцини „АстраЗенека“, пренесоа британските медиуми.

Првата пратка со вакцини се очекуваше уште кон крајот на мај, но беше одложена поради долгите консултации, соопшти Јужна Кореја минатиот месец.

Според извештајот на Институтот за стратегија на националната безбедност (ИНСС), што е поврзан со јужнокорејската разузнавачка агенција, Пјонгјанг сега разгледува и други опции поврзани со вакцините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.