Cеверна Кореја лансирала неидентификувани проектили кон отворено море, соопшти јужнокорејската армија.
Министерството за одбрана на Јапонија, пак, соопшти дека била истрелана балистичка ракета, без да наведе повеќе детали.
Претходно, амбасадорот на Cеверна Кореја во Обединети нации ги повика САД да се откажат од непријателските политики кон Пјонгјанг со порака дека никој не може да го оспори правото на неговата земја на самоодбрана и тестирање на оружје.
Cеверна Кореја ги обвини Сеул и Вашингтон за „двојни стандарди“.
Во средината на месецов и Cеверна и Јужна Кореја тестираа балистички проектили, продолжувајќи ја трката во вооружување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.