Цената на гасот во Европа за време на тргувањето на лондонската берза „ИЦЕ“ денеска повторно порасна на над 1.200 долари за илјада кубни метри.

Цените на договорите за фјучерси за ноември во центарот ТТФ во Холандија се зголемија на 1229,4 долари за илјада кубни метри или 102,5 евра за мегават-час.

По првичниот раст утринава, цената на гасот донекаде забави и е на ниво од 1208 американски долари за 1.000 кубни метри.

Вкупниот раст на цената од почетокот на денот изнесува околу 7,6 проценти.

TTF постави рекорд на 6 октомври, кога цената на гасот надмина 1.900 долари за илјада кубни метри, но потоа почна да опаѓа.

Високата нестабилност на цените на европскиот пазар на гас е поврзана, меѓудругото, и со ниската пополнетост на капацитетите за складирање гас пред претстојната зима.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.