Цената на природниот гас во Европа уште еднаш го урна рекордот, надминувајќи 950 долари за 1.000 кубни метри, првпат во историјата, според податоците за тргување на ICE Futures.

Цената денеска се зголеми за дури 20 проценти. Цената на октомвриските фјучерси на индексот на холандскиот гасен центар ТТФ утрово во 8:35 часот изнесуваше 841,39 долари за 1.000 кубни метри. До 9:21 часот поскапе на 851,27 долари, а малку подоцна, во 9:46 часот, надмина 875,84 долари. Еден час подоцна, цената ја надмина психолошката граница од 900 долари.

Претходниот рекорд беше поставен вчера, кога цената достигна 810 долари.

Од почетокот на месецов, цената на природниот гас во Европа се зголеми повеќе од еден и пол пати – на 1 септември гасот се тргуваше за 614 долари за 1.000 кубни метри.

Аналитичарите сметаат дека овој тренд се должи на ниските резерви на суровини во ЕУ поради студената зима минатата година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.