Во Русија веќе има повеќе од 87.000 случаи на заразени со новиот коронавирус, со околу 2.500 повеќе од Кина, јави ДПА.

Во моментов, Русија и Кина се рангирани на деветто и десетто, соодветно, во апсолутен број на заразени според официјалната статистика. Првите три места во ранг-листата се за САД, Шпанија и Италија.

Во март, бројот на новозаразени во Русија брзо се зголеми, а властите реагираа со мерки за карантин низ целата земја.

– Пикот се очекува за три недели, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– До средината на мај мора да го достигнемеврвот. Потоа, во првиот месец од летото, односно во јуни, ќе се подобри, нагласи портпаролот.

Руските медиуми го цитираа Министерството за одбрана дека имало 900 воени лица заразени со коронавирусот, но само четворица биле во сериозна состојба.

Иако порастот на нови случаи во Русија е меѓу највисоките во светот, смртните случаи се релативно ниски – скоро 800, според официјалните бројки. Властите во земјата велат дека повеќе од три милиони тестови се извршени, јави ДПА.

Во последните 24 часа бројот на новозаразени во Русија е зголемен за 6.198 и сега изнесува 87.147 лица на национално ниво. Во изминатите 24 часа, 579 лица оздравеле, а 7.346 лица се опоравени во текот на целиот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.