Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека од вечерва на полноќ наметнува задолжително ограничување на движењето за оние под 20 години, заострувајќи ги мерките за борба против ширењето на коронавирусот.

Секој на возраст под 20 години, или оние родени по 1 јануари 2000 година, нема да смеат да излезат надвор, почнувајќи вечерва на полноќ по локално време, рече Ердоган во телевизиското обраќање.

Турскиот претседател претходно воведе забрана за движење за лица над 65 години и за хронични пациенти. Ердоган рече дека возилата веќе нема да можат да влезат и излегуваат во 31 град, вклучувајќи ги Истанбул и Анкара, во текот на следните 15 дена.

Од утре започнува и задолжително носење заштитна маска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.