Компанијата „Пацифик гас и електрична енергија” соопшти дека оваа недела речиси два милиони луѓе во 30 окрузи во Калифорнија би можеле да бидат без електрична енергија поради силни и суви ветрови кои можат да предизвикаат пожари.

Компанијата соопшти дека в среда ќе ја исклучи електричната енергија од претпазливост и ги повика жителите и деловните субјекти да се подготват да бидат без електрична енергија дури седум дена.

Струјата ќе биде исклучена и во 67 училишта, јави Си-Ен-Ен.

Компанијата претходно објави дека е „можно” опремата за дистрибуција на електрична енергија да предизвикала еден од најсмртоносните пожари во Калифорнија во 2018 година, кога поради далекуводи се запалија дрвја во нивна близина.

Истрагата на калифорнискиот Оддел за шумарство и заштита од пожари открила дека компанијата е одговорна за пожарот во кој загинаа 85 лица.

Метеоролозите најавија дека в среда ќе почне да дува силен ветер, кој поради ниска влажност би можел брзо да рашири пожар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.