Џихадист на ИСИЛ кој пробал да сними видео во кое ја обновува заклетвата на верност на терористичката група, бил спречен во тоа, бидејќи константно му пречела птицата која се огласувала додека тој пробувал да го прочита својот завет.

Снимката е забележана од јеменската гранка на ИСИЛ, а на снимката се гледа човек на коленици кој безуспешно се обидува да ја прочита заклетвата.

Човекот е идентификуван како Абу Мухамед ел-Адени, а птицата очигледно му „идела на живци“ со пеењето, додека неговиот колега пробал да го охрабри говорејќи му да „остане мирен и ладен“.

Елизабет Кандал, експерт за Блискиот исток од Оксфорд која го споделила ова видео, рекла дека снимката била од 2017-та година, а објавена е од Ал-Каеда минатава недела за да ги исмеваат своите регионални ривали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.