Цел свет ги бараше таткото и ќерката кои биле фотографирани пред Нотр Дам, само еден час пред да избие пожарот во катедралата. Туристиката од САД, Брук Виндзор која ја започна потрагата, успеа да ги пронајде.

Таа ги фотографирала пред несреќата по што јавно замоли на социјалните мрежи да ѝ се помогне да ги пронајде бидејќи сакала да им ја подари фотографијата за спомен.

Како што пренесе Би-Би-Си, Брук успеала да ги пронајде, а за тоа се пофалила на „Твитер“.

Потрагата заврши, а фотографијата дојде до нив – наведе таа.

Семејството се заблагодарило на убавиот гест.

Благодариме за убавата фотографија, ќе пронајдеме посебно место за неа – напшале во пораката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.