Повеќе од 600.000 домаќинства во североисточниот дел на САД останаа без електрична енергија поради силно невреме.

Американската метеоролошка служба соопшти дека брзината на ветрот достигнувала 140 км/ч. Најпогодена е сојузната држава Масачусетс, каде што 466.000 домаќинства останаа без струја.

Властите ги повикаа жителите на погодените области да не патуваат освен ако тоа навистина е неопходно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.