Државите-членки на Обединетите Нации (ОН) го усвоија буџетот за за 2021 година, што е во износ од 3,231 милијарди долари

Комитетот на Генералното собрание на ОН надлежен за административни и буџетски работи расправаше и го одобри буџетот за следната година, се наведува на веб-страницата на ОН.

Во октомври, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предложи буџетот за 2021 година да изнесува 2,99 милијарди долари, што е за 2,8 проценти помалку од буџетот за 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.