Истражување на швајцарскиот институт Краутер покажува дека климатските промени ќе предизвикаат значително затоплување на градовите низ светот, со што, до 2050 година, Будимпешта ќе има клима слична на денешно Скопје, додека Скопје пак ќе наликува на градот Остин во Тексас, кој е 10 степени географска ширина јужно од Скопје и има карактеристики на тропска и пустинска клима.

Институтот подготви интерактивна мапа на која може да се споредат климатските промени за разни градови низ светот до 2050 година.

Климата во Сиетл ќе наликува на таа во Сан Франциско, Лондон ќе биде новата Барселона, Стокхолм ќе има температура како Будимпешта, а Будимпешта ќе има клима слична на Скопје. Тоа значи дека Унгарците ќе мора да се справуваат со сериозни горештини во текот на летото, пишува порталот „Унгарија денес“.

Дури 520 светски градови се опфатени во анализата на швајцарскиот институт, кој проценува дека четири петтини од нив ќе претрпат сериозни климатски промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.